Директорите Ковачевски и Матевски Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола

Ковачевски и Матевски новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола/ Фото: ЕСМ

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.

Ковачевски и Матевски им ја честитаа Новата година и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.

Како што соопштуваат, повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола.

– Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола, информираат од ЕСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот