Директор на белградската Инфективна клиника: Сè потешки случаи на Ковид-19, пациентите остануваат долго на болничко лекување

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Тој истакна дека ковид болниците брзо се полнат и во останатите делови на Србија, и ако граѓаните не ги почитуваат мерките, набрзо во целост ќе се пополнат капацитетите.

Меѓу 150 и 200 пациенти со коронавирус во Белград дневно имаат потреба од болничко лекување, а од тоа, 10 отсто се за прием на Одделите за интензивна нега, изјави денеска директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Горан Стевановиќ.

Пред новинарите во Белград тој изјави дека сега во болниците пристигнуваат пациенти со потешка клиничка слика, чие лекување трае подолго. Стевановиќ вели дека здравствените установи во Белград на дневно ниво од болница отпуштаат по 60 до 70 пациенти, а дневно примаат меѓу 150 и 200, што значи дека српската престолнина секој ден е во недостиг на нови близу 100 места во ковид болниците.

– Пополнетоста на капацитетите во болниците во Белград е речиси 100 отсто. Кога пациентите се отпуштаат, само се заменуваат со нови пациенти – појасни директорот.

Тој истакна дека ковид болниците брзо се полнат и во останатите делови на Србија, и ако граѓаните не ги почитуваат мерките, набрзо во целост ќе се пополнат капацитетите.

– После тоа нема да имаме можност да примаме пациенти и да им пружимем минимум нега, а не пак соодветно лекување – потенцира Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот