Дипломската претстава „Семејство“ на студенти на ФДУ ќе биде изведена во Драмски театар

Драмски театар Скопје ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги, студенти и дипломци на Факултетот за драмски уметности.
На 25 март, во 20 часот, на сцената на Драмски театар ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд. „Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.
Претставата е со мото „Семејствата се добри затвори“ и на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на Академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.
Во претставата играат Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска.