Војвотката од Сасекс, Меган Маркл употреби, најблаго кажано, неочекуван збор кога зборуваше за британското кралско семејство.
Поради пандемијата на коронавирусот, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл преку видеоповик учествуваше на состанокот за најмоќните жени на новата генерација, а во таа прилика сите ги изненади со начинот на кој зборуваше за британското кралско семејство.
Меган додека зборуваше за тоа дека повеќе не користи Инстаграм објасни дека, сега деактивираниот профил Sussex Royal на оваа социјална мрежа, не го водела лично. Овој профил е направен откако војводата и војвотката од Сасекс одлучија да се откажат од позицијата „повисоки“ членови на кралското семејство, а истиот собра дури 10 милиони следбеници. Меѓутоа, по неколку месеци, кралицата Елизабета Втора на Хари и Меган им забрани да го користат Royal Sussex како бренд, поради што профилот беше згаснат.

„Имавме профил на Инстаграм преку институцијата и нашите канцеларии во Британија. Но, ние не управувавме со него, туку цел тим“, рече Меган. На многумина во ушите им остана зборот „институција“, кој Меган го употреби додека зборуваше за кралското семејство.
Пред Меган да се омажи за Хари, се шпекулираше дека ги избришала своите профили на Инстаграм, Фејсбук и Твитер по налог на семејството на Хари, но таа сега истакна дека одлуката била нејзина.