Дипломатски брифинг на СДСМ за справување со пандемијата и организација на предвремените избори

На брифингот беа поканети и учествуваа амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ.

Во просториите на СДСМ денеска заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, членот на ИО Рената Дескоска, меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ и носителот на кандидатската листа во ИЕ1 Никола Димитров, одржаа дипломатски брифинг на актуелни теми.

На брифингот беа поканети и учествуваа амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ.

Се зборуваше за мерките кои се преземаат за справување со пандемијата и организација на предвремени парламентарни избори во најскоро можен рок.

Нашите претставници истакнаа дека за СДСМ остануваат приоритетите за заштита на здравјето на граѓаните, рестартирање на новата македонска економија, зајакнување на демократијата и демократските институции.

Претставниците на СДСМ ги запознаа дипломатите со напорите за справување со кризата и за планот за нормализација на животот во државата согласно новите услови.

-Одговорно пред се за здравјето на граѓаните, економијата и демократијата е изборите да се одржат во првиот можен рок, пред новиот бран од коронавирусот наесен кој треба да го дочекаме целосно подготвени, со Собрание и Влада со полн легитимитет. Заради одговорност пред државата и грижа за граѓаните, укажаа на цврста определба да се почитуваат уставот и законите и да се одржат изборите согласно роковите од 22 дена по завршување на вонредната состојба– стои во соопштението од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот