Дипломатска офанзива: Османи на средби со Пахор, Логар, Пленковиќ и Радман во Љубљана и во Загреб

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да отпстува во официјална посета на Љубљана, а во вторник продолжува во работна посета на Загреб. За утре е најавена средба со словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар, а во агендата се разговори и со претседателот на државата, Борут Пахор, како и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич.

Османи од Љубљана во вторник ќе се пресели во Загреб каде покрај средбата со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Хрватска, Горан Грлиќ – Радман, ќе се сретне и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот парламент.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР), посетата на шефот на дипломатијата на земјите од регионот се случува во пресрет на важните одлуки за европската перспектива на земјата, во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ).

– Фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината, се вели во соопштението на МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот