Дипломати, војници и министери ќе трчаат на НАТО трка

Влада на РСМ НАТО и македонија
Влада на РСМ / Фото: МИА

„НАТО атлетска трка” во организација на Министерството за одбрана и Армијата, заедно со Атлетската Федерација, Агенцијата за млади и спорт и Евроатлантскиот Совет денеска ќе се одржи на кејот на Вардар во Скопје во рамките на одбележувањето на Неделата на НАТО.

За трката се пријавени 260 учесници, меѓу кои претставници на воено-дипломатските претставништва во државата, вработени во Министерството и припадници на Армијата, како и граѓани.

Натпреварувачите ќе трчаат на патеката во должина од пет километри за мажи и три километри за жени, а најдобрите учесници во машка и женска конкуренција ќе бидат наградени со учество на меѓународен маратон надвор од државата.

На отворањето на трката на Воениот стадион во Градскиот парк ќе учествува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски, шефот на НАТО канцеларијата за врски Зоран Јанковиќ и амбасадорот Семуел Жбогар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот