Диносауруси на плоштадот во Кратово

Џиновски скулптури на изумрени праисториски животни следните триесет дена ќе го красат градскиот плоштад во Кратово.

Скулптурите се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски, станува збор за скулптури на изумрени праисториски животни во природна големина направени од отпадно железо.
– Скулптурите се дела кои на драго срце ги изработувам, уживам во нивното осмислување и создавање. За креирање една ваква фигура потребни ми се околу три месеци. Железото, кое за мене е богатство, го собирам од местата за отпадно железо и авто-сервиси, а во мојата работилница од која излегуваат најразлични уметнички креации, ми го носат и пријателите.
Крајниот производ од овие импозантни дела е импресивен, по реакциите на публиката, такашто кај мене се создаде  желба во иднина да отворам голем Јура парк со бројни железни скулптури кој би привлекувал туристи од соседните држави, но и од Европа и светот, изјави Миневски.
Изложбата ќе биде поставена во центарот на Кратово до средината на месец август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот