Дино Раѓа крајно изнервиран: Срам, ми се гадите! (ФОТО)

twitter.com/Sportando

По наредба на сплитските градски власти, во петокот наутро комуналните работници го избришаа муралот посветен на славната генерација Југопластика, а тоа крајно го изнервира легендарниот Дино Раѓа.

Муралот во чест на најдобрата европска клупска кошаркарска екипата во историјата беше насликан пред две недели, но беше отстранет во петокот.

twitter.com/miguelroan1

Ситуацијата на неговиот профил на Фејсбук ја коментираше Дино Раѓа, членот на таа одлична генерација на Југопластика чија објава ја пренесуваме во целост:


– Срам. Ми се гадите, јадници што никогаш не направиле ништо во животот. Единствено што знаете е продажба на црвена и црна магла за да ги прикриете вашите ср*ња. Не ви пречи што Младинскиот центар не е завршен веќе 40 години, не ви пречат стадионот и базените што се распаѓаат, не ви пречи „метрото“ што вози еден и пол човек дневно, не ви пречи дека треба да се помине еден час за да го поминете пристаништето. Nе ви пречи незавршената арена 10 години. Но, ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот – напиша Раѓа на Фејсбук.

Југопластика три години по ред ја освојуваше титулата шампион на Европа во 1989, 1990 и 1991 година, а Раѓа беше член на тимот во два од три походи на врвот на Стариот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот