Дино Мерлин: Поради тешката болест бев како билка

instagram

Дино Мерлин (58) гостувал во емисијата „Во свој филм“ на ХРТ, во која зборувал за својата долга и успешна кариера, но открил и многу детали од животот.

Босанскиот музичар се присетил на деновите кога работел во фабрика за кревети и ги запишувал песните на мрсна хартија.

Ме исмеваа затоа што пишував песни – рекол Мерлин и додал дека секогаш им велел дека ќе го гледаат на телевизија, што и се остварило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dino Merlin (@dinomerlin)

Парите што ги заработил ги вложил во студио и приватно го снимил албумот, додека другото, како што вели, е историја.

Мерлин, роден во Сараево, се присетил и на деновите на војната, кога гледал како умираат неговите колеги, пријатели и менаџерот.

Зборувал и за филмската приказна со неговата сопруга Амел Дервишалидовиќ, чии родители биле против нивниот брак. Мерлин рекол дека буквално ја „украл“ од нејзините родители, а денес се заедно повеќе од четири децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dino Merlin (@dinomerlin)

Но, Мерлин открил и дека кон крајот на 90-тите размислувал да се повлече од сцената.

Ова првпат ќе го кажам, во еден период од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, не би го посакал тоа никому. Тоа се манифестираше на така што не ме интересираше ништо, ниту живот ниту смрт. Тоа беше периодот кога бев билка. Сешто ми паѓаше на ум, размислував да ја напуштам музиката. Но, решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, на кој сум многу горд – рекол Мерлин и додал дека се надева дека поголемите концерти ќе бидат можни во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот