Дино Мерлин го организира првиот онлајн дочек на Новата година за цел свет

принтскрин/Youtube

За обожавателите од сите континенти познатиот музичар Дино Мерлин подготвува единствено новогодишно шоу, на кое сите ќе можат да пристап онлајн, со што, како што се наведува од неговата канцеларија, тој станува лидер на нови трендови во музичката сцена на овие простори.

Сараевскиот кантавор кој зад себе има неколку светски турнеи и многу спектакуларни концерти полни со емоции, вели дека сега е ново време во кое потребно е во новогодишната ноќ публиката од целиот свет да се зближи.

Познато е дека Дино Мерлин е голем музичар и неговите концерти имаат поинаква димензија, бидејќи класичните настапи буквално ги претвора во незаборавни шоуа. Токму затоа кога се откажани сите новогодишни дочеци и кога луѓето се приморани да останат дома со најблиските да ја испратат 2020 и дочекаат новата 2021 година, тој најде начин како да не ги разочара обожавателите со кои секоја година традиционално ја поминува најлудата ноќ.

twitter
Фото: Твитер / @dinomerlin

Дури 100.000 луѓе со него ја дочекаа 2017 година на сараевскиот плоштад, следната година подготви спектакл на дубровничкиот „Страдун“, потоа во Будва, а 2020 година ја дочека со македонската публика на скопскиот плоштад. Овој пат неговиот новогодишен спектакл гледачите ќе можат да го следат во кругот на семејството, од дома.

Долго работам на овој проект со голем тим за да можеме на публиката да ѝ ги претставиме песните кои во виртуелниот свет ќе донесат енергија на концертен настап каков што правев порано кога работите беа поинакви. Сега во новото нормално, наместо од физичка дистанца во голема сала или на плоштад, гледачите ќе можат одблизу да го следат виртуелниот концерт со многу нови елементи и изненадувања со кои ќе го зачиниме. Одвај чекам да покажеме што сè подготвивме – вели Дино кој за реализација на овој спектакл собрал над стотина професионалци од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Покрај неговите безвременски хитови и премиера на две нови песни, гледачите на новогодишното шоу ги очекува импозантна сценографија, видео-анимации како и танцувачка кореографија во изведба на хрватската група од видеоспотот за неговиот октомвриски сингл „Ние“ кој раскажува за светот кој се менува пред нашите очи, но и за нас кои се менуваме заедно со светот, без разлика дали сакаме или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот