Динго нападнало дете во Австралија – Слободен печат
ВестиПланета

Динго нападнало дете во Австралија

Нападот се случил во четвртокот вечерта додека семејството било на кампување.

Момче од 14 месеци е хоспитализирано со фрактура на черепот и со рани на главата и вратот откако го нападнало динго на Фрајзеровиот остров во Квинсленд, Австралија.

Нападот се случил во четвртокот вечерта додека семејството било на кампување, кога две динга влегле во шаторот и почнале да го влечат детето од креветот, пренесува Гардијан.

Болничарот Бен Ду Туа изјавил дека едно од животните го гризнало детето за врат и почнало да го извлекува од шаторот. Родителите ги разбудило плачењето на детето. Таткото брзо истрчал надвор за да го спаси својот син.

Детето нема сериозни повреди благодарение на брзата реакција на родителите.

Отсекот за животна средина го испитува случајот и ангажирал повеќе ренџери кои трагаат по кучињата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close