Динар го плати цехот на катастрофата на ЕП: Повеќе не е селектор на Франција

фото: men2020.ehf-euro.com/Stanko Gruden

Неочекуваната елиминација уште во групната фаза на Европското првенство го чинеше отказ селекторот на Франција, Дидие Динар.

Откако една од најголемите ракометни сили не успеа да триумфира на последните две големи натреварувања (ЕП 2018 и СП 2019) како и дебаклот на штотуку завршеното Европско првенство, челниците на Федерацијата одлучија да му врачат отказ на Дидие Динар.

Динар на клупата на „триколорите“ го наследи трофејниот селектор, Клод Онеста, но не успеа да повторни ниту 10% од успесите на претходниот селектор, но што е побитно за челниците на Федерацијата, ракометарите не успеаја да се адаптираат на новиот систем на игра кој го форсираше Динар. Франција под водство на Динар го освои бронзениот медал на ЕП 2018 и СП 2019 година.

Репрезентацијата на Франција на предолимпискиот турнир кој треба да се игра од 17-19 април, ќе ја предводи досегашниот помошник на Динар, Гијом Жил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот