Динамо Загреб пресилен за Шкендија, реми на Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров/Фото: facebook/ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Македонските екипи што ќе настапат во квалификациите за Лигата на конференции се наоѓаат во завршна фаза од подготовките во која играат контролните натпревари.

Шкендија е поразена од хрватскиот шампион Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со 3:0. Стрелци на головите за Динамо беа Дрмиќ во 16. минутa, Андриќ во 54. и Петковиќ во 81. минута.

Македонија Ѓорче Петров одигра без победник 1:1 против екипата на Лапи, а двата гола беа постигнати во второто полувреме. Косовскиот тим поведе, а „лавовите“ израмнија само шест минути по примениот гол (77 минута).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот