Динамо Киев, Олимпијакос и Ференцварош ќе играат во ЛШ

epa08706760 Players of Dynamo Kyiv celebrate during the UEFA Champions League playoff second leg soccer match between FC Dynamo Kyiv and KAA Gent in Kiev, Ukraine, 29 September 2020. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Познати првите три екипи кои пласман во групната фаза од елитното натпреварувањето обезбедија преку квалификациите.

Динамо Киев и во вториот натпревар со белгискиот Гент потврди дека е поквалитетен тим и заслужува да игра во Лигата на шампионите.

По победата во Белгија од 2:1, сега Динамо на домашен терен славеше со 3:0, а дилемите околу пласманот во ЛШ ги реши уште во првото полувреме. Бујаласки во деветтата и Де Пења од пенал во 36. минута му донесоа водство од 2:0 на украинскиот тим, а печат на победата стави Родригез на стартот од вториот дел.

Унгарскиот тим Ференцварош за прв пат по 1995 година ќе биде дел од ЛШ откако и во реваншот одигра без победник против Молде. Вечерва Ференцварош на домашен терен одигра 0:0, но поради нерешениот натпревар од првиот дуел (3:3) и правилото на гол во гости, обезбеди пласман во групаната фаза на ЛШ.

Третиот тим кој успешно ги мина квалификациите е грчкиот шампион Олимпијакос кој одигра 0:0 на гостувањето кај Омонија Никозија, но предноста од 2:0 од првиот дуел беше доволна за тимот од Пиреја да биде дел од ЛШ и во новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот