Димовски: Знаеме кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица

фото: Слободен печат

Во дебата во емисијата анализа 24 на ТВ 24, помеѓу Мухамед Зекири од СДСМ и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Илија истакна дека власта направила театар од судењата и ниту едно не е разрешено.

Димовски дополнително ја обвини власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси.

– Никој не бара амнестија, случајите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа – изјави Димовски.

Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица – изјави Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот