Димовски: Со денешното отворањe за можноста за формирање Влада на национален спас, се покажа дека гласањето на (само)доверба е со краток рок!

Денешното отворање на условената можност за формирање заедничка или Влада на национален спас само покажа дека собраниското изгласување на (само)доверба е со краток рок на траење, реагира пратеникот и лидер на СПМ Љупчо Димовски.

Дотолку повеќе што тоа претставува потврда за некомпактноста на парламентарното мнозинство за какво што се сакаше да се претстави. Тоа е и горчливо признание дека Владата е без капацитет и дека, во услови на здравствена криза и последиците од неа, кај неа отусутвува идеја за изнаоѓање на соодветни ефикасни решенија со кои би се справила со секојдневните проблеми со кои се соочува, посочува тој.

Според него, веднаш по последните парламентарни избори, свесна за состојбата во која се наоѓа Република Македонија, но и за нискиот капацитет на мнозинството и распоредот на пратеничките мандати во Собранието, опозицијата предложила формирање на експертска влада која ќе ги обедини и ќе ги вклучи сите креативни сили во државата.

-По седум месеци повторно се наоѓаме на почетокот, меѓутоа потрошено е драгоцено време.Патем, токму персоналното условување на можноста за формирање на „задничка“ или некаква друга влада остава првичен впечаток за потребата од претпазливост за нејзината искреност и можноста од краткорочно придржување кон неа, пишува Димовски во својата објава.

Денешното отворање на условената можност за формирање заедничка или Влада на национален спас само покажа дека…

Posted by Ljupco Dimovski on Saturday, March 6, 2021

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот