Димовски: Работодавачите да не си играат со дневниците и слободните денови

Ако работодавачите не се согласат првиот слободен ден на работникот кој ќе работи во недела да биде или сабота или понеделник, тие ризикуваат нивните претпријатија да бидат затворени 15 дена, односно за 30 дена, ако повторно го прекршат правилото за недела како неработен ден, вели за „Слободен печат“, Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Според Димовски, ова се сериозни казни, кои ќе обезбедат сигурност за работниците. Тој открива дека речиси е усогласен предлогот за неработната недела, а останува уште да се прецизираат нијансите за слободниот ден, кој ќе му следува на работникот со новото законско решение. Усогласено е и решението работниците да добијат дневница со 50 отсто плус за работењето во недела, додава Димовски.

– Прифатен беше нашиот предлог во Петтиот пакет да влезе и решението дека  работодавачот кој ќе исплати 80 проценти од регресот за годишен одмор, ќе биде ослободен од данокот за регресот, што ќе ослободи средства и ќе му ги намали трошоците за работа. Се усогласивме и дека компаниите од транспортот, медиумите, градежништвото, туризмот и угостителството ќе аплицираат за субвенции за плата, поради нивниот ограничен процес за работа во услови на пандемија. Ова решение се покажа како најсигурен начин за задржување на работните места и покажа најдобри резултати. Оние компании пак, кои ќе аплицираат за кредити за плата, ќе имаат грејс период од 12 месеци, 0 посто камата и рок за враќање од 3 години, што значи дека колку што зеле, толку и ќе треба да враќаат – вели Димовски за „Слободен печат“.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот