Димовски: Мора да се почне со затворски казни за да се освестат работодавците

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, рече дека праксата покажува бројни прекршувања на законот за работни односи, особено кога се работи за неисплата на к-15.

Исплатата на регрес за годишен одмор беше тема во денешниот „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Телефонски во емисијата „Утрински брифинг“ се вклучи Злате Стојановски од секторот за работни односи при трудовиот инспекторат кој рече дека инспекторатот ги проверува фирмите, но сепак постојат одредби од законот кои работодавачите ги користат за да избегнат исплата на регрес за годишен одмор.

И Димовски и Стојановски потврдија дека никој никогаш не ја добил максималната казна од една година затвор која ја предвидува законот. Двајцата соговорници се на ставот дека треба да се направат промени со цел да се оневозможат работодавците да се повикуваат на одредбата за економски потешкотии за да избегнат исплата.

-Мора да почне да се применува законот кој предвидува затвор за да се освестат работодавците и да ја прекинат праксата на неисплаќање регрес за годишен одмор – вели Димовски.

Според првиот човек на Сојузот на синдикати, работниците ретко се охрабруваат да пријават, а најтешко се стигнува до правдата кога рабтниците сакаат да останат анонимни. Димовски ги повика сите работници да се обратат до ССМ доколку работодавецот им го прекрши ова право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот