Димовски: МОН нема основен план, а камоли резервен, нема веќе време!

Владо Димовски од Центар за толеранција и доживотно учење во разговор за Радио Слободна Европа смета дека МОН изгубило многу време во носењето на одлуки во однос на почетокот на новата учебна година во време на пандемија.

– Време имаше, но веќе нема. МОН како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките па затоа и такво ни е образованието. Сега веќе по мислењето и заклучокот на здравствената комисија МОН треба веднаш, ама веднаш да понуди решение за да има барем колку-толку време да се направи некоја подготовка, инаку со вакво темпо на нудење решенија учебната година ќе започне во јануари 2021 година, а прашање е дали и тогаш.

Ако во второто полугодие од учебната 2019/20 состојбата со пандемијата не затекна изненадно и учебната година заврши така како што заврши, за почетокот на учебната 2020/21 требаше подготовките да започнат во месец мај кога веќе се знаеше дека одење по одмори надвор од Македонија ќе нема. Наставниците работејќи од дома ќе имаа време да се подготват, а даваа разни предлози за подобрување на образованието, но кој нив ги есапи.

МОН имаше време да организира онлајн средби, состаноци, консултации со голем број наставници кои и без повикот на МОН даваа предлози како да се справи образованието со новонастанатата состојба уште од првите денови на прекинот на наставата. Според мене МОН нема основен план, а камоли резервен – посочи Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот