Димовски: Ќе побарам на Јанева да не и се додели апанажа

Фото: Принтскрин

Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет”, денеска ќе се најде на дневен ред на една од седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски изјави дека тој ќе побара на Јанева да не и се додели апанажа бидејќи не е избрано лице.

– Денеска ќе го предложам и тоа на дневен ред. Ќе предложам врз база на законските одредби Комисијата да не додели апанажа на Јанева од формалните причини, а тоа се дека таа не е избрана како државен функционер од страна на Собранието, што е услов по закон, туку е само предложена од Собранието, а нејзиниот избор го изврши Советот на јавни обвинители, рече Димовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително посочи, на како што рече, скандалите поврзани со неа, како и на злоупотребата на институцијата СЈО и од финансиски и од политички аспект.

– Тоа не ни дава воопшто право да размислуваме на таков чекор. Единствено што може да направиме како Собрание, како пратеници е да апелираме до Јанева, да исполни само едно нејзино граѓанско право, а и обврска, а тоа е да почне да зборува јавно кој, како, кога, зошто учествувал во креирање на тоа чудовиште од институција низ кое се вршеле политички уцени и се вршел финансиски рекет од голем број бизнисмени, рече Димовски.

Само на тој начин, вели тој, таа ќе покаже дека се покајала и дека била несвесна или злоупотребена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот