Димовски: Јанева има проблем да проговори јавно за делот со уцена на политичари

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева која е обвинетата во случајот „Рекет“, треба да проговори јавно во судскиот процес за целата афера.

-Јас сметам дека Јанева во овој момент, покрај проблемите кои ги има во судските процеси, има едно граѓанско право – да проговори јавно. Да каже кој би сценатор за злупотреба на институцијата СЈО. Да каже за делот со уцена на политичари, барање за услуги за политичари и политички партии- смета Димовски.

Пратеничката, Ивана Туфегџиќ пак истакна дека е разочарана од тоа што поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева побарала апанажа.

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот