Димовски до Спасовски: Гледам љубите реплики од филмови, па погледнете го филмот „Сенки над Балканот“

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Попладнево Собранието со 101 глас ја избра новата Пржинска влада, на која задача ќе и биде да ги спроведе фер и демократски избори.

На денешната собраниска седница за избор на влада на техничкиот премиер Оливер Спасовски,  пратеникот Илија Димовски, упати критики за досегашната работа на Владата.

-Широка распространета дрога, нерешени убиства, избегани убијци, нарачани судски постапки директно од министри во владата, уцени на политички неистомисленици, разрешени 7 главни уредници на значајни медиуми… За рекетирање на бизнисмени не ни сакам да зборувам, за тоа јавноста многу знае, а и допрва ќе зборувам- рече Димовски.

Димовски рече дека ќе им честита само на двајцата министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кои според своите биографии можеле да се носат  „барабар“ со целата влада.

-Господине Спасовски, гледам љубите реплики од филмови, па ќе ве упатам да погледнете еден српски филм, „Сенки над Балканот“. Такво е вашето владеење, заврши Димовски.

Попладнево Собранието со 101 глас ја избра новата Пржинска влада, на која задача ќе и биде да ги спроведе фер и демократски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот