Димковски: Со измените на Законот за акцизи низа поволности за производителите на ракија

Фото: Стефан Атанасов

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во изминатите две и пол години постојано работи на развојни мерки за лозарството како стратешка земјоделска гранка, а  во делот на производството на ракија измените на Законот за акцизи кои стапуваат во сила на 1 јануари следната година овозможуваат низа поволности за производителите на ракија.

Тоа, соопшти МЗШВ, го истакнал ресорниот министер Трајан Димковски на отворањето на 20. „Валандовска ракијада”, манифестација која го го симболизира завршувањето на гроздоберот и претставува можност за презентирање и на другите домашни производи од грозје.

– Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45 проценти. Во првата година (2020) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија – изјави министерот Димковски

Откупот на грозје, посочи, е при крај и досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, се откупени близу 93 милиони килограми винско грозје.

Во финална фаза на носење се и измените на Законот за вино, со коишто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив. – Преку мерките од Програмата за директни плаќања 2019, овозможуваме за 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи 30 отсто од трошоците за гориво ги покрива државата. На располагање на лозарите се и мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на винарници, како и за набавка на опрема, што е важно за модернизација на производството, наведе Димкоски, сооопшти МЗШВ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот