Димковски со апел до земјоделците да не се палат нивите и стрништа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски апелира земјоделците да не ги палат нивите и стрништата. Со нивното палење, како што вели, не само што предизвикуваат еколошка штета и опасност од непосакувано проширување на пожарот, туку ги уништуваат и органските материи кои се битни за подготовките на почвата и додатоците кои се потребни за зголемување на хумусот во земјата.

– Тоа е нешто што за жал се повторува и покрај сите апели. Земјоделците по некоја навика ги палат нивите со ориз и житни култури, мислејќи дека со тоа постигнуваат подобар ефект, но со тоа прават штета на површината со согорувањето на една органска материја кјоа е многу битна за подготовката на почвата, рече Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МЗШВ.

Тој посочи дека постојат средства кои ја разградуваат целулозата и додаде дека земјоделците со палењето на стрништата не прават само еколошка штета, туку ги уништуваат и додатоците за зголемување на хумусот во почвата.

Прашан дали се размислува да се примени хрватскиот модел кој предвидува да нема субвенции за земјоделците кои ги палат нивите, Димковски рече дека тоа е идеја за која треба да се разговара, но додаде дека ќе му биде мило да биде поттикната од, како што кажа, свесните земјоделци.

– Контролите треба да бидат позасилени и да се интензивираат од локалната самоуправа која е на самото место. Имавме убав пример со откривањето на сторителот во скопско со дрон. Таквите примери иако негативни ќе влијаат на свеста на земјоделците да се отргнат и да ја заборават оваа лоша навика, потенцира Димковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот