Димковски: Ситуацијата со откупот на тутунот е катастрофална, цените се ниски, а дел од пунктовите не се отворени

Оваа година катастрофално почна, не се сите пунктови отворени, а просечната цена е многу ниска, меѓу 140 и 170 денари, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одговорајќи на новинарско прашање каква е состојбата со откупот на тутунот.

Според Димковски, за утре е закажана средба на производителите и преработувачите со министерот за земјоделство, а до понеделник, согласно информациите од терен, би требало да отворат сите пунктови за откуп.

– Решение мора да се бара. Ова е неочекувано, зошто се тргна со волку ниска цена, иако откупувачите најавуваа залихи и дека реколтата е со полош квалитет. Ситуацијата е необјаснива и мора да се утврди причината зошто откупот почна со толку ниски цени. Поголемите фирми ги имаат отворено пунктовите, но добар дел се уште не. Најават е дека од понеделник  треба да бидат отвоени сите, потенцира Димковски по денешната средба со одгледувачи на крави, овци и кози во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот