Димковски: По десетина дена ќе се утврдат првичните проценки за невремето во Преспа – Слободен печат
ВестиМакедонија

Димковски: По десетина дена ќе се утврдат првичните проценки за невремето во Преспа

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со АД „Макпетрол" за „зелената нафта", Димковски информира дека комисиите интензивно работат на терен и по нивен предлог, Владата е подготвена да интервенира.

За десетина дена се очекува да бидат сублимирани проценките од штетите што ги предизвика минатонеделното невреме во Преспа и да бидат доставени до владината комисија, а земјоделците ќе бидат обесштетени, рече денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со АД „Макпетрол” за „зелената нафта”, Димковски информира дека комисиите интензивно работат на терен и по нивен предлог, Владата е подготвена да интервенира.

– Нема да се проценуваат само приносите, туку и основните средства, зашто се оштетени и голем број стебла. Проценетата штета ќе им биде надоместена на земјоделците. На градоначалникот му беше сугерирано да се направат повеќе комисии покрај постојната за да се забрза постапката. За десетина дена би се сублимирале првично проценетите штети кои од Советот на локалната самоуправа би се усвоиле и би се доставиле до владината комисија – нагласи Димковски.

Тој рече дека веднаш утредента, по невремето, кога со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја посетија Преспа, и самите биле сведоци колку е страотна сликата во однос на штетите во овоштарството, но предизвикани се и други материјални штети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close