Димковски: Откупот на тутунот заврши, постигната е досега најголема просечна откупна цена

Според Димковски, откупени се сите количества тутун од ланската реколта, а државата ќе исплати вкупно и 31 милион евра субвенции.

Денеска и официјално заврши откупот на тутунот во земјава. Откупени се 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм тутун, што значи дека е постигната досега најголема просечна откупна цена, соопшти министерот за земјоделство Трајан Димковски кој со директорот на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ беше во посета на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Пирлеп.

Според Димковски, откупени се сите количества тутун од ланската реколта, а државата ќе исплати вкупно и 31 милион евра субвенции.

-Просечната откупна цена е 220 денари за килограм и е најголема досега. Откупувачите на тутунарите им исплатија 94 милиони евра. Просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм и државата на тутунарите ќе им исплати субвенции од вкупно 31 милион евра. Тоа значи дека кон крајот на март, по обработката на податоците од Платежната агенција, за што ќе бидат неопходни две до три недели, се  планирани и ќе бидата исплатени тие 31 милион евра. Сѐ на сѐ, на тутунопроизводителите вкупно ќе им бидат исплатени 125 милиона евра, од кои 60 отсто се во Прилепскиот регион. Заедно со субвенциите и просечната цена, тутунарите добиваат по околу 300 денари по килограм откупен тутун, изјави Димковски.

Директорот Шапуриќ уверува дека сите количества тутун од реколтата се откупени и нема неправилности зашто инспекторатот постојано беше на теренот.

-Целиот произведен тутун е откупен. Инспекторатот постојано беше на теренот и вкупно се направени рекордни 3.000 контроли од почетокот на откупот, од кои само годинава до 25 февруари се 600 инспекциски контроли. Сѐ беше за да нема неправилности и ние не уочивме неправилности. Последните денови сите дежурни откупни пунктови беа отворени. Според нашите информации, од Сојузот на земјоделските здруженија и од откупувачите сѐ е откупено и ниту еден производител не беше вратен од пунктовите. До второстепената комисија во текот на откупот имаше една-две жалби прифатени и три повлечени, рече Шапуриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот