Димковски: Исплатени 607 милиони денари субвенции за сточарите

Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

По посетата на сточарска фарма во битолското село Дихово, Димковски изјави дека во наредниот период ќе продолжи исплатата на субвенции според планираната динамика.

– Ова е уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навреме и неселективно. Се надевам дека сточарите средствата од субвенциите ќе ги искористат за набавка на нови грла, за производствена опрема и за сé што е потребно за да го развиваат сточарството, истакна Димковски.

Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски рече дека до денеска во агро секторот се реализирани над 381, 6 милиони евра, средства кои во ниту еден претходен мандат не биле исплатени.

Министерот Димковски, директорот Бабовски и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска ја посетија сточарската фарма на Никола Ѓоргиев,претседател на Сојузот на одгледувачи на овци кој информираше за соработката и комуникацијата со МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот