Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун

Димкоски рече дека почнаа да се прават договорите помеѓу производителите и откупувачите и годинава нема повеќе бели картони.

Официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а почнаа подготовките за новата реколтат тутун. На девеете откупувачи ќе им се придружи и уште една заинтересирана компанија од Турција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водотопанство Трајан Димковски при денешната постеа на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Димкоски рече дека почнаа да се прават договорите помеѓу производителите и откупувачите и годинава нема повеќе бели картони.

-Веќе почнаа подготовките за новата реколта во 2020 година, почнува да се прават и договорите. Од годинава не важат белите картони, туку производителите со решенијата што ќе ги добијат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, ќе може со откупувачите да прават нови договори. Регистерот на откупувачите се води во Министерството. Покрај  деветте регистрирани откупувачи, има уште една компанија од Турција која пројави интерес. Верувам брзо ќе се регистрира за да може да склучува договори со производителите за оваа реколта, изјави Димковски.

Тоа, потенцира значи дека интересот за тутунот се зголемува, бидејќи производителите со откупувачите почнуваат да разговараат за новите договори.

-Како Министерство сме тука за поддршка и медијација на разговорите за новата сезона да биде подготвена и да не се случуваат непредвидени работи, потенцира Димковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот