Димковски-Груздев: Ќе се продлабочува соработката меѓу двете земји

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во Москва, Русија, одржа работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината комисија за трговско – економска и научно техничка соработка, Алексеј Груздев.

На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.

Воедно, Димковски и Груздев разговараа и за претстојната 9-та седница на Комисијата која ќе се одржи на ноември во Охрид. Во фокусот на седницата ќе бидат неколку теми, енергетика со посебен акцент на инвестиции во хидроенергетика, гасификација, примена на нови иновативни технологии, туризам и земјоделство.

Прочитајте и...  Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Во рамки на претстојната седница на Комисијата ќе биде одржан и бизнис форум и Б2Б средби меѓу заинтересираните фирми од двете земји, за воспоставување долгорочна соработка. Од руската страна веќе постои интерес од автомобилската индустрија, фирми кои нудат земјоделска механизација, од ИТ секторот, третман на отпад и решавање на проблемите со загадување. Земјоделството како еден од клучните сектори во билатералната соработка ќе биде еден од носечките во идната соработа, имајќи ги предвид можностите за извоз на земјоделско – прехранбени производи кои се во подем и за нив постои голем интерес на рускиот пазар.

Инаку на работниот состанок освен делегацијата од МЗШВ, присуствуваше и претседателот на македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во Мoсква, Русија, Руската Федерација е значаен трговски партнер на Република Македонија и во 2016 година го завзема 14-то, во 2017 година е на 18-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

Прочитајте и...  Реџепи: Подготвен сум да одговарам и пред Бога и пред законот

Најизвезувани производи од РСМ во Русија се лекови, а од земјоделски производи се извезуваат кајсии, цреши, вишни, праски, сливи, јаболки, домати, зелка.

Прочитај повеќе

Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Слободен печат

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО

Слободен печат

Ова е новиот лик на Клиничкиот центар во Скопје (ФОТО)

Слободен печат

Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Слободен печат

Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Слободен печат

Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Слободен печат

Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Слободен печат

Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Слободен печат

Афера „респиратори“: Обвинителството на БиХ бара притвор за премиерот Фадил Новалиќ

Слободен печат

Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Слободен печат