Димковски: Четири нови капитални инвестиции за системи за наводнување со кои се покриваат нови 30.000 хектари

Продолжуваме да го унапредуваме и модернизираме земјоделството. Водиме грижа за проблемите на земјоделците. Со  нови 4 капитални инвестиции во  Пепелиште,Јужно -вардарската долина трета фаза,  Лисиче и браната Конско ќе се покријат 30.000 хектари под наводнување за да се избегнат климатски промени како суша кои влијаат на производството, истакна членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на трибина во Неготино.

Димковски потенцираше дека денес под системи за наводнување според договорите и информациите од АД Водостопанство има 28.000 хектари.

Можеме да констатираме дека за само 4 години ќе ги зголемиме двојно површините за наводнување, додаде Димковски

Овие инвестиции ќе овозможат брз развој и економски просперитет на земјоделските региони, заклучи Димковски од трибината во Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот