Димков: Мизрахи е новата Мирка Гинова

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Димков, од собраниската говорнца ѝ се заблагодари на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи за дадената лекција – како се сака сопствената држава. Посочи дека вистинската причина за барањето за нејзино разрешување не е таблата на која пишува Република Македонија, туку затоа што ги открила бројни криминални активности на нејзината претходничка Мила Царовска. Обраќајќи ѝ се на Мизрахи, Димков рече:

– Вие вечерва сами ги победивте СДСМ и нивната коалиција, вие сте новата Мирка Гинова. Со ова што го правите се гледа дека само декларативно сте се залагале за соживот. Од каде се овие фашизоидни идеи на една партија. Рашела Мизрахи е единствена Еврејка која сака да ѝ помогне на Македонија и ќе ги загрозите и односите со Израел – рече Димков.

Прочитајте и...  Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени од Ковид-19 

Пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска со контра аргументи. Рече дека иако мандатот на пратенкот од ВМРО-ДПМНЕ, Димков му дава за право да зборува што сака од собраниската говорница, сепак неговите факти биле далеку од вистината. Жените во редовите на СДСМ не се дискриминирани, рече Тасевска.

– СДСМ на претстојните избори ќе има 50 проценти жени. Во Извршнот одбор има повеќе жени од мажи. Ова покажува дека СДСМ не се плаши од жени. Министерството за труд и социјала е едно од минстерствата со најголем успех. Во сферата на социјална заштита има донесено бројни закони. СДСМ се залага за концептот „едно општество за сите“ , вашите тези навистина не држат и да си ги повлечете – рече Лидија Тасевска.

Прочитајте и...  Коментар на американскиот министер за руската вакцина: Важна е ефективноста, а не да се биде прв

Прочитај повеќе

Србија ќе воведе задолжителен ПЦР тест и 14-дневна изолација за странците

Слободен печат

Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети

И понатаму ќе се транзитира низ Македонија без ПЦР тест

Мирослава Бурнс

Преговорите за идеален наставен модел од септември продолжуваат, МОН инсистира на часови со физичко присуство

Михаило Донев

Полог се дави во ѓубре, Русино нe е решение!

Делегацијата на ЕУ во земјава со осуда за нападот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Водата за пиење во Тетово безбедна и покрај дефектите и прекините

МИА Агенција

Уште три дена може да се купува со домашната платежна картичка

Комисијата за заразни болести побара дополнителни информации од МОН

МИА Агенција

Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот во петок?

Весна Тодоровска

Во петок министерска средба на ЕУ за санкции кон Белорусија

Слободен печат

Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

МИА Агенција