Димитровски: Многу тешко во транспортот да воведеме ветерна енергија, или соларни возила

Секој обновлив извор на енергија, вели Димитровски, има своја намена.

Кога се работи за перспективата секогаш се поставува прашњето: што ќе возиме и на што ќе се вози. Изгледа на Македонија и е судбина да биде депонија на „треторазредни“ автомобили. Најверојатно и дизелите ќе бидат на сметиште, но дали воопшто варијантата на хибридни автомобили, и електроенергијата како двигател на автомобилите ќе допре до нас и што треба да се направи, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори Даме Димитровски, професор на Машински факултет.

-Очекува дека во иднина ќе почнеме со биогорива, мешавина, па потоа на биометан и очекувам дека понатаму нема да сметаме на транспортот како загадувач, туку како прочистувач на животната средина – ќе зема валкан воздух, а низ моторите ќе прави некаков чист воздух- изјави Даме Димитровски, професор на Машински факултет.

Секој обновлив извор на енергија, вели Димитровски, има своја намена.

-Многу тешко во транспортот ќе воведеме ветерна енергија, или соларни возила. Ќе треба некоја варијанта од солар да направиме струја, па струјата да ја користиме во возилата, а биогоривата директно ќе ги користиме во моторите со внатрешно согорување. Водородот не е нова технологија во производството на енергија. Идејата е да се соговри водород во некоја постојна постојка и такви мотори се појавуваа на саеми. Втората технологија е во горивни келии да работиме со водород, да се раслојува на водород и кислород и да го враќаме назад и притоа да ја искористуваме таа енергија- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ професорот Даме Димитровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот