Димитровски: Клучот во борбата со корупцијата е во волјата на политичките елити (ВИДЕО)

На минатите избори настапивме самостојно, но проблемот е во еден ваков систем како што имаме сега, многу тешко може да настапите самостојно, а без учество во парламентот не може комплетно да влијаете на политичката сцена, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократски сојуз (ДС).

Поголема одговорност на извршните функционери и борба со корупцијата.

-Стратешките заложби за НАТО и ЕУ е она што не зближи со СДСМ. Во меѓувреме работиме на поголема одговорност на извршните функционери, како и амандмански измени кои би влијаеле на работата на Собранието, односно тоа да може да биде распуштено од трета страна.

Политичките елити од време на време се менуваат. Имаме системски грешки кои треба да се менуваат. Клучот во борбата со корупцијата е во волјата на политичките елити, вели Димитровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот