Димитровски: Карабах е фаворит, но се игра еден натпревар и сè е можно!

Противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите на Силекс е екипата на Карабах од Азербејџан. Играчите на клубот од Кратово ќе патуваат на гости во Баку на 18/19 август 2020 година, така одлучи денешната ждрепка во Нион.

Но, можно е од европската куќа на фудбалот (УЕФА) да донесат одлука мечот да се игра на неутрален терен поради ситуацијата со Ковид-19.

Карабах е фаворит на дуелот со македонскиот претставник, во минатото за овој азербејџански клуб настапуваше и нашиот фудбалер Владимир Димитровски.

Карабах е голем клуб и сигурно голем фаворит на овој меч. Има големо искуство во Европа и нормално голем буџет, квалитетни играчи. Меѓутоа знаеме дека во фудбалот сè е можно, особено после Ковид и плус се игра еден натпревар без гледачи. Така што без разлика што Карабах е фаворит, во фудбалот сè е можно – ни изјави Димитровски.

Карабах скоро секоја година (од 2015-та) игра во групна фаза на Лига Европа, во сезоната 2015/16 беше дел и од групите на ЛШ, севкупно играјќи против врвни екипи како Интер, Монако, Тотенхем, Рома, Атлетико Мадрид, Челси, Арсенал, Севиља…

Димитровски моментно ги брани боите на грузиската екипа на Телави…

Во Телави супер ми оди, конечно после неколку месеци се вратив и почнав повторно да играм. Бев и во карантин од 14 дена, но сега е сè како што треба. Супер сум прифатен и се надевам на добри резултати – додаде Димитровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот