Димитровски: Целта на Работнички е излез во Европа, сè друго е неуспех

Фото: ФК Работнички

Работнички ги совладаа „лавовите“ од Ѓорче Петров со 2:0 за три важни бода во трката за избегнување од опасната зона, но и можеби одржување на шансите за едно од местата кои водат во Европа.

– Ова беше клучна победа на „романтичарите“ против Македонија ЃП и од ова коло ние профитиравме најмногу. Имаме уште два тешки натпревари и ќе дадеме сè од себе да победиме и се надеваме дека тоа четврто место ќе води во Европа. Целта на клубот е излез на меѓународната сцена, сè друго ќе биде неуспех – ни изјави Димитровски.

На табелата тимот од Работнички е шестопласиран со 43 бодови, само два бода повеќе од Силекс на осмата позиција која води во баражот за опстанок, а само еден помалку од четврторангираниот Шкупи.

Во претпоследното 35. коло играчите на тренерот Баже Лазаревски ќе го имаат во Струмица против Беласица на 19 мај, а ќе ја завршат сезоната на домашен терен со Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот