Димитров за „Политико“: Откако коронавирусот ќе биде зад нас, ние ќе имаме европска иднина пред нас

Никола Димитров / Фото: Слободен печат, архива

Фактот што ЕУ покажа волја, енергија и сила да донесе одлука за старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија во овие тешки времиња е многу важен сигнал за нас, изјави министерот за надворешни Никола Димитров за бриселскиот портал „Политико”.

– Откако коронавирусот ќе биде зад нас, ние ќе имаме европска иднина пред нас. Тоа е зрак на светлина во оваа темнина што е насекаде околу нас, нагласува Димитров, по вчерашната одлука на министрите за европски прашања на ЕУ дека Северна Македонија треба да започне преговори за членство без никакви дополнителни услови.

Коментирајќи ја вчерашната одлука на европските министри, „Политико” наведува дека тоа е „доказ оти блокот од 27 члена може да постигне договор за тема што долго време предизвикуваше поделби, дури и кога Европа е во состојба на криза поради коронавирусот”.

– ЕУ останува оперативна, ја пренесува порталот изјавата на хрватската државна секретарка за европски прашања Андреја Метелко-Згомбиќ.

„Политико” пренесува и изјава на шефот на германската дипломатија Хајко Мас, кој оцени дека со вчерашната одлука Европа покажала дека ги одржува ветувањата.

– Албанија и Северна Македонија ја почнуваат следната фаза од нивното патување кон ЕУ. Ова е задоцнето признание за нивните реформски постигнувања. Стабилни и ефикасни демократски уставни држави на Западниот Балкан се наш стратешки интерес. И ориентацијата кон европскиот модел на мир, слобода и просперитет останува најсилниот фактор на стабилност во нашето соседство, вели Мас.

Порталот наведува дека сега Европската комисија треба да подготви преговарачка рамка со двете земји, што потоа треба да биде поддржана од земјите членки на ЕУ, за на крај да се одржат меѓувладини конференции.

„Политико” потесетува и дека додека за земјава не се поставени никакви предуслови за старт на преговорите, Албанија ќе мора да исполни дополнителни услови пред да биде подготвена за следните чекори од преговарачкиот процес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот