7 C
Скопје

Димитров: За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот

За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување.

Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

– Денешниот настан за македонскиот јазик во МАНУ, можеби е најдобро сублимиран во една реченица на Мисирков: „Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше право.” За нас Македонците, македонскиот јазик е затворена работа. И дома, и во светот. Секое пријателство за да биде вистинско, и европските интеграции за да бидат вистина европски, го подразбираат нашето право на самоопределување – рече шефот на дипломатијата.

Прочитајте и...  Ја фрлија пред лав, но тој се умилкуваше околу неа - Светата маченичка Татјана загина од меч

На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Филолошкиот факултет „Блаже Конески” и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време”, колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик”, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија”, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)” кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Прочитајте и...  Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Да се дадат вистински аргументи и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика е целта на четирите капитални изданија за македонскиот јазик, кои денеска беа промовирани на платото пред Македонската академија на науките и уметностите.

Поврзани вести

Ресторани почнаа да нудат попуст на вакцинираните: По 10 до 20 отсто во зависност од дозата

И.И.

Потпретседателот на НСОН, Ајдини со обвинување: Има притисоци од директори на училишта за отчленување од синдикатот

Слободен печат

Продолжува трендот на релативно висок број на новозаболени од Ковид-19 во Косово

Слободен печат

Собраниска комисија за здравство: Се расчистува патот за одобрение за ставање во промет на вакцините против ковид-19

Слободен печат

Русија му испраќа 24 милиони дози од својата вакцина на Мексико

Слободен печат

Турската и грчката делегација во Истанбул ја одржаа 61-та рунда технички преговори

Слободен печат

Остави Коментар