Димитров за Каракачанов: Не помагаат изјави што може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите

Фото: МИА

Договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа. Во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно, изјави за Радио Слободна Европа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, по изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Карачанов дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако Мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.

Димитров за РСЕ рече дека имајќи ја предвид визијата за заедничка европска иднина како блиски народи и соседи, убеден е дека со заеднички сили треба да се работи на решенија кои ќе обезбедуваат почит и достоинство за двете страни.

-Тоа е одговорна и зрела политика, тоа се европските вредности. Изјави што може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите не помагаат. Историјата ќе не’ памети според тоа како сме се однесувале кон иднината, наведува Димитров.

Мислењето на Каракачанов не е пресудно, важен е ставот на владата на Борисов

Според него, прифаќањето на минатото, но и на сегашноста, еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, мора да се темели токму на ова право, како за хероите од минатото кои се од големо значење за двете страни, така и за денешните генерации.

Истакна дека Договорот зборува за заемно почитување и пријателство, како и за помош од страна на Софија на патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ.

Каракачанов: Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако нема напредок за историските прашања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот