Димитров во работна посета на Хрватска

Фото: Слободен печат

По Германија и Словенија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Хрватска каде ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ-Радман.

На средбите, како што информираат од СЕП, Димитров ќе разговара за зацврстување на хрватската поддршка за процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан, по вложените напори за време на хрватското претседателство кога Северна Македонија ја доби одлуката за почеток на пристапните преговори.

Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на традиционално блиската билатерална соработка за успешно спроведување на европските реформи и конкретната поддршка на Секретаријатот за европски прашања во таа насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот