Димитров во посета на Брисел спроти состаноците на Советот на ЕУ и Европскиот совет

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров од утре до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ и Европскиот Совет да донесат одлука за датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата шефот на дипломатијата ќе размени мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво обраќање на Димитров пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година.

-Министерот ќе ја искористи можноста пред европските пратеници уште еднаш да ги претстави постигнувањата на Северна Македонија и важноста од носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Совет. Ќе се заблагодари за континуираната поддршка на ЕП на европската перспектива на земјата и ќе изрази очекување дека таа ќе продолжи и ќе се зајакне со актуелниот состав на Парламентот, стои во соопштението.

Министерот Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, Димитров ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи закажан за 15 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот