Димитров: ВМРО-ДПМНЕ нема да победи за да го загрози Преспанскиот договор (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги уверуваше денеска грчките новинари во Солун дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт за да го оспори Преспанскиот договор. Иако рече дека е прерано да дава став за тоа, Димитров беше сигурен дека нема да се најдат во позиција да ја прават идната влада.

– Прерано е да зборувам за тоа, но мислам дека нема да бидат во позиција да бидат во владата по изборите. Така што прашањето околу нивниот став за Преспанскиот договор е надминато, не само хипотетички, одговори Димитров на новинарско прашање на конференцијата за Западниот Балкан во Солун.

На забелешката дека оваа партија гласаше за Пристапниот договор за НАТО во Собранието, што значи дека е свесна за значењето на Преспанскиот договор, Димитров додаде:

– Важно е да се биде чесен со луѓето. Не е конзистентно да не се поддржува Преспанскиот договор, а да се прифаќа еден од неговите резултати- членството во НАТО. Не можете да ја проблематизирате причината, а да ја сакате последицата. Ова е важно да се има во предвид а ние ќе продолжиме да ги потсетуваме на тоа, порача Димитров, на прашањето кое најмногу ги интересираше грчките новинари.

Процесот на приклучување во ЕУ Димитров го спореди со познат филм во кој главниот актер се буди во ист ден и, ако се направи перфектно, ќе му биде дозволено да се разбуди следниот ден, поентирајќи дека ние во Македонија не сме перфектни, но заслужуваме да одиме таму, во ЕУ.

Според него барањата сега се толку високи што е тешко е за било која земја да биде толку перфектна, но ние знаеме каде сакаме да одиме и правиме многу важни чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот