Димитров: Влезот на земјите од регионот во ЕУ претставува комплетирање, а не проширување

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција во Познањ, каде се одржува Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, порача дека влезот на земјите од регионот во ЕУ претставува комплетирање, а не проширување.

-Кога размислуваме за регионот, размислуваме небаре регионот се граничи со ЕУ, а практично нашиот регион е опкружен со земји членки на ЕУ, рече Димитров. Кога еден ден овие земји ќе заслужат и влезат во ЕУ, мапата на ЕУ нема да стане поголема, зборот проширување не ја рефлектира реалноста, подобар збор е комплетирање бидејќи имаме дупка, образложи македонскиот министер.

Тој исто така истакна дека Берлинскиот процес, во чии рамки се организира овој шести самит за Западниот Балкан, не е замена за процесот на зачленување во ЕУ, туку подготовка за него.

-Треба да бидеме задоволни со тоа што се постигнува, Берлинскиот процес започна со агендата за патно поврзување, се прошири со создавање регионална економска зона, двата проекта се подготовка за пристапувањето, подготовка за учество во ЕУ пазарот, рече Димитров на прес-конференцијата.

Димитров ја потврди и веста дека идната година Северна Македонија заедно со Бугарија ќе ко-претседава со самитот за Западен Балкан, што, рече тој, преставува важна симболика, посебно по тензиите со соседот и „неприродната неблискост” која се создаде меѓу двете земји.

-Уверен сум дека ова ко-претседавање ќе биде успешно, ќе бидеме практични, ќе се фокусираме на резултати, ќе ги задржиме позитивните искуства од полското претседателство, и ќе работиме во тесна соработка со Берлин и со граѓанските здруженија кои имаат мудри и креативни идеи, додаде министерот.

На заедничката прес-конференција помеѓу Димитров и неговите колеги од Германија, Полска и Бугарија уште еднаш беше потврдена заложбата на овие земји да започнат преговорите со Македонија и Албанија најдоцна до октомври.

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, истакна дека ситуацијата укажува дека од страна на Германија има зајакната поддршка за Западниот Балкан, но дека сите треба да ги зголемат напорите за интегрирање на регионот во ЕУ.

Полскиот министер за надворешни работи, Јацек Чапутович, од своја страна, изрази жалење што одлуката за старт на преговори со Македонија и Албанија беше одложена од јуни за октомври.

-Одлагањето на одлуката не беше добра идеја, сметаме дека е во наш заеднички интерес да се примат овие земји, од безбедносни, од геополитички причини, од голема важност е, а се разбира критериумите мора да бидат исполнети, рече Чапутович.

Прочитајте и...  Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка

Прочитај повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Слободен печат

Невладините организации ќе добијат од Владата 30 милиони денари

Слободен печат

„Бентли“ планира да отпушти илјада работници

Слободен печат

Влада: Денеска поднесени 114 кривични пријави за ширење на заразна болест

Слободен печат

Се огласи Грета за хаосот во Америка: Младата активистка го осуди расизмот!

Слободен печат

Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

Слободен печат

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето на нафтата

Слободен печат

Безбедностата камера „улови“ воспитувачка која усмрти бебе кое плаче (ВИДЕО)

Слободен печат

Америка закрепнува: Вработеноста во САД во мај порасна за 2,5 милиони

Слободен печат

Бројот на потврдени случаи на инфекцијата со коронавирусот расте побрзо од кога било

Слободен печат

Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Слободен печат