Димитров: Вирусот не може да се победи само во границите на една земја, потребна е регионална и глобална солидарност

За справување со кризата со коронавирусот и последиците од неа потребна е заедничка реакција и солидарност и на регионално, но и на глобално ниво. Овој предизвик може да го надминеме само заедно. Вирусот не може да биде победен во една земја, а да остане во друга. Тогаш тој ќе се врати и затоа е потребно заедништво, солидарност и усогласени акции, рече министерот за надворешни работи Ниола Димитров на он-лајн видео конференција во ко-организација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, насловена „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19″.

По кризата со пандемијата со коронавирусот глобално, рече Димитров, ќе се соочиме со прашањето дали по кризата ќе се разбудиме во свет со национален изолационизам или повеќе глобална солидарност. Она што го правиме сега преземајќи брзи мерки и одлуки во борба со пандемијата, потенцира шефот на дипломатијата, ќе придонесе за нашиот избор глобално по нејзиното завршување.

-Мора да ја победиме оваа битка заедно. Вирусот не може да се победи само во границите на една земја. Ако тој биде биде победен во една земја, а не во соседнството ќе се врати. Затоа треба да се справуваме со него во глобална солидарност, рече Димитров.

Тој вели дека она што сака да го види на глобално ниво, сака да го види и во регионот и соседството.

-Она што сакам да го видам во нашиот регион е повеќе заедништво, регионална соработка и усогласување на политиките со нашите пријатели и сојузници. Ако ЕУ на почетокот и требаше време да се разбуди мислам дека нејзината машинеријата дава конкретна помош. Мислам дека колку повеќе сме дел од мерките толку побрзо ќе се опоравиме. Мислам дека и на билатерално ниво кога се соочуаме со заеднички предизвик би требало да го применуваме принципот на заедништво и да го применуваме и во билатералните односи исто така, рече Димитров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот