Димитров: Важно е дека големата барикада е зад нас и дека ние се пробивме

Одлуката за почеток на преговори што ја донесе денеска Советот, министерто за надворешни работи ја оцени како сериозна добра вест.

Одлуката за почеток на преговори што ја донесе денеска Советот, министерот за надворешни работи Никола Димиторв, ја оцени како сериозна добра вест, во гостување во емисијата Топ тема на Телма.

-Сега ние не можеме да ја примиме како што треба, бидејќи имаме поголема грижа, меѓутоа ќе се справиме со неа, а ова е еден процес што ни гарантира европска индина и конечно да се натпреваруваме со другите држави во реформските процеси, изјави Димитров.

Тој истакна дека очекува годинава да почнат претристапните преговори.

-Ние оваа одлука ја заслуживме и во 2019 година  и во јуни 2019 и во октомври  2019. Јас мислам дека е чесно  да се очекува ние да почнеме оваа година пристапни преговори со првата меѓувладина конференција.  Ако успее комисијата тоа да го направи  во јуни веднаш потоа  ќе ги почнеме, меѓутоа  непредвидливоста со коронавирусот  и кај нас влијае и во  ЕУ влијае.  Важно е дека големата барикада е зад нас и дека ние се пробивме, истакна Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот