Димитров со пресврт го победи Циципас во Виена

Бугарскиот тенисер се пласира во четвртфиналето на турнирот кој се игра во главниот град на Австрија.

Григор Димитров е последниот четвртфиналист во Виена откако го совлада третиот носител Стефанос Циципас со 6:7,6:4,6:3 во осминафиналето.

Првиот сет помина без ниту еден брејк, а во одлучувачкиот тај-брејк Циципас направи неверојатен пресврт. Имено, Димитров водеше со 5:0, но потоа ги загуби сите седум поени, а со тоа го загуби и првиот сет.

Во вториот сет, Димитров беше подобар тенисер, постојано го напаѓаше сервисот на Циципас и конечно успеа да направи брејк во деветтиот гем и предноста ја задржа со крајот на сетот. Бугаринот доминиташе и во третиот сет, направи два брејка и сосема заслужено победи. Противник во четвртфиналето ќе му биде Британецот Даниел Еванс.

Сигурен настап имаше вториот носител Доминик Тим кој во два сета со 6:3,6:2 го совлада Чилеанецот Гарин, Данил Медведев во три сета (1:6,6:3,6:2) беше подобар од Васек Поспишил.

Прочитајте и...  ФИФА ги објави кандидатите за најдобар фудбалер во 2020 година!

Поврзани вести

Алушовски: Ова е реален резултат

Слободен печат

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Слободен печат

Остави Коментар