Димитров: Сега во овие следни 4 години е нашата златна шанса

Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше за правдата која коалицијата „Можеме” ќе ја спроведува во својот мандат, а не, како што посочи, онаа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе. Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните. Дали може да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда”, истакна Димитров.
Порача дека 15 јули е шанса да се стави конечна точка на лошата и да се заврши со кризата на неодговорност што почна 2015, 2016 година.
-Сега во овие следни 4 години е нашата златна шанса. Конечно да направиме сериозен исчекор да нема веќе враќање. Да ја ставиме нацијата на шини, да нема да може ни лево ни десно ни назад. За да на следната генерација да им дадеме старт каков што заслужуваат- рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот