Димитров се подмлади 7 години (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од фризерски салон.

Димитров очигледно е задоволен од новата фризура и, како што пишува самиот, се чувствува подмладен за седум години.

„Кај Адо волшебникот, 7 години помлад!“, напиша вицепремиерот на неговиот официјален инстаграм-профил.

Никола Димитров / Фото: Инстаграм
@_nikola_dimitrov_

Вицепремиерот за европски прашања пред два месеци исто така имаше објавено слична фотографија, кога се „поднови“ со нова фризура во Драчево.

Сепак, Димитров изгледа сега е малку позадоволен од претходниот пат, бидејќи тогаш, според негови зборови, фризерот го подмладил за три години.

„Маалскиот бербер во населба Драчево ми симна три години, за три минути“, напиша тогаш Димитров.

Никола Димитров во Драчево / Фото: Инстаграм
@_nikola_dimitrov_

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот