Димитров разочаран: Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Без резултат заврши 14. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, по завршувањето на дводневниот состанок на видеоконференција, копретседавачот на комисијата од бугарска страна проф. Ангел Димитров посочи дека вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со конкретни теми, проблеми, а работите да се сведат на специфична условно – теоретска рамка.

Според проф. Димитров, „нашиот обид да ги натераме барем да вметнат нешто специфично за лекцијата за цар Самоил во нивната теоретска рамка, исто така, не најде согласност и разбирање. Ова е реалната состојба”.

Како што пренесува БНР, следниот состанок на Комисијата се очекува да биде во средината на октомври. Проф. Ангел Димитров изрази надеж дека летните месеци ќе дадат можност да се преиспита овој став за работа и да се направи некој чекор, додавајќи дека се надева дека тоа ќе биде чекор напред.

Бугарската страна на Мешовитата комисија ги одби нашите предлози за историското образование поддржани од СЕ и УНЕСКО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот